Хрватска има многу прекрасни места што вредат да се посетат, особено кога времето е топло.
Истра е една од дестинациите која нуди за сите по нешто, а токму во нејзината внатрешност се наоѓа едно мало место наречено Котли, кое е вистински рај.
Во последно време Котли е многу популарно за гости од целиот свет, благодарение на природно создадените базени со тиркизна вода, што многу потсетуваат на базените од Памуккале.
Овие мали чуда на природата се создале со помош на реката Мирна којашто во варовничките карпи направила вдлабнатини во форма на котли, по коишто и местото го добило името.
Во Котли веќе 40 години не живее никој, но затоа пак постојано има посетители кои слушнале за убавините и посакале да ги видат.
Од некогашните 60-на мелници, денес во функција е само една.
Во природните базени може слободно да се капете во пролет или есен, кога нивото на водата е повисоко, додека на лето умее да пресушат.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Instagram, Pinterest