Last Expedition со нова верзија на култната „Шефе“ – нивните пријатели се вклучија во проектот!

9 јули 2020

Во неодамна направеното интервју со легендите од скопските улици, култниот бенд „Last Expedition" ви најавивме дека тие подготвуваат обработка, односно нова верзија на нивната ноќна химна „Шефе".

По неколкумесечна посветена подготовка, на релација Македонија-Америка-Канада, се здружија пријателите од различни меридијани и армијата фанови на бендот и создадоа нова верзија, но со истата онаа моќна енергија од 90-те.

„Почитувани почитувачи на ликот и делото на Последната Експедиција. Со особено задоволство Ви ја претставуваме новата верзија на култната песна Шефе за која се потрудивме да биде градска, народска, светска и не знам уште што, али мислиме дека успеавме у све, а патем речено да не ја оштетиме", напиша Енко во најавата за новата верзија проследена со видео запис.


Клавијатури, микс, продукција – Давор Јордановски
Гитара – Кире Најдовски
Бас – Brad Johnson
Тапани - Joe Lana Junior
Видео монтажа – Благоја Неделковски


Во спотот учествуваа: Сецко, Енко, Диме, Влатко, Салпе, Драгче, Сашко, Ленин и Ноќни Волци, Ален, Ева, Бојан, Фриц, Панки, Филип, Симона, Кети, Дарко, Александар, Сашко, Драган, Славче, Гоце, Милан, Христина, Александар, Аце Флојд и колегите, Ристе Мерцедес, Зоран, Благој, Маја, Коста, Мики, Виктор, Фросина, Илија, Горазд, Дејан, Марија, Никола, Оливера, Пеце, Дејан, Бети, Филип, Мила, Влатко, Ангелина, Жарко, Горан, Анета, Кристијан, Бошко, Деко.

Објавено:
9 јули 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
270 пати