Last Expedition се враќаат од иднината – после 22 години имаат нова песна и спот!

Скопскиот бенд Last Expedition, после 22 години, се враќа на алтернативната домашна сцена со одлична причина – „Hey Ho" е нивната нова песна проследена со супер видео запис.

Музиката и текстот се на Енко, аранжманот на Last Expedition, миксот и мастерот на Мите Димовски, а спотот го режираше Дарко Антоновски.

„Шефе", „Ќељав дабар", „Далеку си", „Гатанка" се само дел од нивните легендарни хитови што оставија траен белег на македонската алтернативна сцена во 80-те и 90-те години.

Инаку Last Expedition се формирани во 1985 година и во своето музичко портфолио досега имаат четири албуми: Intro, Изгубени ликови, Box и Live A1.

 

Објавено:
19 февруари 2019
Прегледно:
304 пати