Пандемијата на Ковид -19 на многумина веројатно им ги расипа плановите за лето. Но, тоа е воедно добра шанса да се потсетиме на прекрасните места кои ги имаме дома.
Во серијалот Лето во Македонија, ќе ве потсетиме на местата на кои можете да си поминете фантастично и вистински да се одморите. Преспа периодов се соочува со тажна приказна и сушење на езерото, но се надеваме дека надлежните ќе имаат срце и слух да го спасат овој македонски бисер.
Започнуваме со Долно Дупени, сместено во подножјето на Баба Планина на допирот со котлинското дно, а на стотина метри од брегот на Преспанско езеро.
View this post on Instagram
Посебно е популарно благодарение на плажата „Дупени бич“, од која можете да посведочите на најубавите зајдисонца. Во околината, како и во самото село, можете да најдете куќи кои издаваат соби, а има и мал хотел, па не мора да се грижите ниту за сместувањето.
Последите години посебно е вложувано во туризмот, па плажата има совршен ситен песок, чадори од трски и лежалки, сосема доволно за да избегате од реалноста и да се одморите.
Добрите домаќини се секогаш расположени за разговор, па секогаш ќе слушнете некоја интересна приказна и нема да се вратите без нови познанства. Местото е мирно, воздухот е прекрасен и ќе ви овозможи вистинско „ресетирање“.
Во продолжение и неколку фотографии кои веруваме ќе ви го привлечат вниманието и ќе ви разбудат интерес да го посетите ова место, доколку досега не сте. А ако веќе сте имале шанса да уживате во Долно Дупени, сигурни сме дека ќе му се вратите повторно.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Лето во Македонија: Лазарополе - каде воздухот е најчист, а душата смирена
Лето во Македонија: Крушево, град на емоциите
Лето во Македонија: Прошетка низ „Памук Кале" и Прилеп - градот пребогат со историја и вкусна храна
Лето во Македонија: 300 скалила до прекрасниот Смоларски водопад и прошетка низ Струмица - градот на ѕвездите
Лето во Македонија: Сливница, местото со најубавата и најромантична плажа