Од најјужното место во Македонија, ве носиме на едно од најсеверните - Лазарополе. Се наоѓа на надморска височина од 1350 метри и е една од најубавите селски населби во државава.
View this post on Instagram
Зошто еден ден да не скршнете од патот Маврово-Дебар, кај Бошков мост и да се упатите накај Лазарополе за да уживате во Бистра, погледот кон долината на Мала Гарска Река и планината Стогово.
Како што ќе почнат исклучително топлите денови, така Лазарополе сè повеќе ќе ве мами, со летни температури до 30 степени. Познато е дека изобилува и со дождови, па важи и за едно од местата во Македонија, а и на Балканот, каде воздухот е кристално чист, свеж и лековит.
Тука ќе го одморите телото, но и душата. Оние што ќе го посетат за првпат ќе бидат воодушевени. Не пропуштајте ја шансата да видите каков е погледот од карпата Соколица, ниту пак да прошетате низ огромните ливади.
View this post on Instagram
Има неколку црквички што можете да ги посетите (св. Ѓорѓија, св. Петка, св. Атанасиј, св. Спас) што ќе ви го окрепат духот.
Идеално место е за јавање со коњ, параглајдерство, пешачење и едноставно сплотување со природата. Кога ќе пристигнете во Лазарополе, на сред село се наоѓа некогашната месна задруга, а денес хотелот „Калин“. Во околината има и неколку вили, така што сместувањето нема да претставува никаков проблем.
За оние што сакаат да дознаат повеќе за тоа што значи името и за Калина дупка, можат да прочитаат на линкот „Мијаци без гајлиња“.
Оние што прв пат го посетуваат Лазарополе ќе останат воодушевени, а оние што веќе претходно биле знаат дека ова е вистинското место каде ќе можат да најдат душевен мир.
Затоа, не пропуштајте ја шансата да се запознаете со оваа убавина, на која со сигурност ќе ѝ се навраќате.
А во продолжение, погледнете за што ви зборуваме:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Лето во Македонија: Крушево, градот на емоциите
Лето во Македонија: Прошетка низ „Памук Кале" и Прилеп - град пребогат со историја и вкусна храна
Лето во Македонија: Долно Дупени, место на најубавите зајдисонца
Лето во Македонија: 300 скалила до прекрасниот Смоларски водопад и прошетка низ Струмица - градот на ѕвездите
Лето во Македонија: Сливница, местото со најубавата и најромантична плажа