„Лична и колективна историја“ – изложба за сеќавањата и потрагата по времето

10 октомври 2016

Во петокот во галеријата на НЛБ беше отворена изложбата „Лична и колективна историја" која опфаќа дела на трите уметнички: Јана Манева-Чупоска, Марина Коцарева Ранисављев (Србија) и Маја Гечиќ (Србија).
Делата се со различни појдовни точки при соочувањето со личниот и колективниот аспект, низ ретроспектива на сеќавањата, потрагата по времето и континуитетот.

Секоја од авторките, потпирајќи се на симболички претстави (фотографија, традиционален костим, автентична облека, видео запис и др.), на специфичен и автентичен начин ја парафразира и преиспитува традицијата, личниот уметнички статус и идентитет.

Фото: приватна архива Јана Манева-Чупоска

Објавено:
10 октомври 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
76 пати
Тагови: 
изложба култура