Магични идеи за декорација на новогодишната трпеза!

30 декември 2014

Откако завршивте со новогодишниот шопинг и ги спакувавте подароците, време е целосно да им се посветите на новогодишните декорации на вашата маса.

Доколку оваа година решивте да ги поканите вашите пријатели заедно да ја прославите новогодишната ноќ, дефинитивно мора да ја покажете вашата беспрекорна креативност. Откако ќе завршите со подготовка на вкусните јадења за вечерта, целосно посветете им се на декорациите на масата.

Она што најпрво треба да го направите, е да изберете соодветна новогодишна прекривка за маса, а доколку не можете да ја најдете онаа вистинската, наш совет е да си купите парче материјал и да си сошиете сами.

Поставете ја прекривката, а веднаш потоа наредете ги чиниите и приборот чија боја соодветствува со прекривката. Обидете се оваа година да направите поинакви празнични декорации, односно истите сами да ги изработите.

 

Целосно посветете им се и на салфетките, со кои можете да направите вистинска уметност. Употребете разни панделки во јаки бои, парчиња цимет, рузмарин и што уште не.

 

Во продолжение, во нашата галерија ќе најдете неколку шик- идеи за тоа како можете да ја украсите новогодишната трпеза, почнувајќи од мали украси во чиниите, па сѐ до оние впечатливите околу масата и на столчињата.

Објавено:
30 декември 2014
Категорија: 
Култура