Новогодишна кујна на „Мои рецепти“

29 декември 2014

Сите вие кои не сте љубители на големите забави, гламурозните ресторани и целата таа помпезност која што вообичаено се случува за време на новогодишните празници и сакате новогодишната магија да ја дочекате во домашна атмосфера, денес имаме интересно изненадување.

Мода не е само начинот на кој се облекуваме, туку и начинот на кој го декорираме домот. Доколку токму топлината на домот биде вашиот избор за новогодишната ноќ, ние во соработка со Мои рецепти имаме неколку интересни рецепти за тоа што би можело да се најде на празничното мени и на трпезата, но и како да ја украсите масата, за таа да биде комплетно во празничен дух.

Можеби се согласувате со тоа дека околу изборот на јадењата и нема некоја голема филозофија, бидејќи вообичаено е да има руска салата, кифлички, тортички и слично. Но, она што вие можете да го промените е изгледот на храната и нормално декоративниот момент. Да почнеме со ред. Прво украсете ја масата. Постелете на масата убава прекривка со новогодишен дезен. Доколку се плашите да не ја извалкате  во продавниците можете да купите и голема салвета за еднократна употреба, а ги има и со празнични мотиви. Откако ќе постелете се убаво, почнете со декорирање. Одберете чинии кои ќе соодветствуваат со целиот амбиент. Ставете мали свеќи околу аглите на масите, а на средина поставете една убава новогодишна кошница во која ќе има украси, лампиони, шишарки и сл.

Како што напоменавме кифличките се задолжителни,но вие бидете инвентивни и наместо кифли со стандарден облик потрудете се малите лепчиња да добијат интересни облици. Тоа можете да го направите со употреба на наменски калапчиња кои имаат различни форми и кои одлично ќе се вклопат во целата приказна и ќе ги импресионираат вашите гости. Лепчињата или кифличките можете да ги сервирате со останатото солено јадење на масата. Во продолжение погледнете го краткото видео од кујната на Мои рецепти кое ќе ви открие како да ги приготвите лепчињата и како да ги сервирате.

Кога станува збор за десертот, не се ограничувајте. Наместо голема торта, можете да направите неколку помали благи изненадувања, а со тоа ќе ги задоволите и сите вкусови на гостите. Црвените колачи изгледаат како мини верзија на торта, а црвената боја одлично ќе се вклопи во новогодишното расположение и амбиент. Бидејќи благите колачиња секогаш се најбарани, ѕирнете го и ова кратко видео директно од кујната на Мои рецепти кое ќе ви помогне во приготвувањето на истите.

Црвени тортички Црвени тортички

Меѓутоа, во однос на изборот на благи специјалитети, можете да се одлучите и за колач со ѓумбир, овошен колач или чоколадни бисквитите. Декорирањето на колачињата но и на целата маса и амбиент препуштете и го на вашата новогодишна фантазија.

&index=2&list=PLgwwy6pyv4h86NUANygPigS44g3qOUzbw

спонзорирана објава

Објавено:
29 декември 2014
Категорија: 
Направи сам