Популарниот радиски проект „Кавервил" со легендарниот водител Драган Б. Костиќ ја стартуваше својата втора сезона од емитувањето на радио мрежа од 15 радио станици низ цела Македонија.
Од 4 јули стартуваше популарен серијал „КАВЕРВИЛ хитови на летото" во кој популарни личности ги пејат своите омилени хитови во акустична студиска верзија, а Б. раскажува стории за нив.
Досега дел од емисијата беа и Џон Илија Апелгрен, Бени и "Нон Стоп", Дуке Бојаџиев, Тумбао Салса Бенд, Сашко Коцев, Дарко Панчев, а вчерашната емисија беше посветена на Мики Јовановски - Џафер во која музички го прославивме неговиот 65-ти роденден (во прилог линк). Џафер се потсети и ги отпеа омилените хитови од опусот на "кралот на рокенролот", Елвис Присли. Исто така, радио станиците од секој град, со свој познат лик од градот делегираат и свој хит на летото, избран од слушателите.
Во овој серијал кој ќе трае до средината на септември, гости на Драган Б. ќе му бидат и други познати личности и бендови кои ќе пејат кавери, а на крајот од оваа лајв музичка компилација ќе се избере хитот на летото.
И додека го слушате „Кавервил“ ве потсетуваме на интервјуто на Fashionel.mk со легендарниот радио водител.
https://www.facebook.com/KavervilDraganBKostic/videos/1153057648049207/