Летен лескикон - Ерина Богоева

На плажа носам скандинавски трилери!

28 јули 2017

Сигурни сме дека повеќето од вас се сеќаваат и пополнувале лексикони во детството. Ние одлучивме да се потсетиме на убавите години, а воедно да ги потсетиме и нашите соговорници.

Ана Бунтеска беше последна што го пополни нашиот лексикон, а следната страница е резервирана за фотографката Ерина Богоева. Какви спомени има таа од летото,  како изгледа нејзиниот ретро-фото избор читате и гледате во продолжение:

фото: Приватна архива

Си пополнувала ли некогаш лексикон?

-Секако. Беше хит во средно! :)

Прва асоцијација за лето...

-Веројатно некоја песочна плажа. Или евентуално асфалтот во Скопје на +40С.

Прв летен одмор без родители...

-Од прво одделение одам на одмори без родители. Првиот мислам дека беше во Силекс, Охрид со другарките од училиште.

фото: Приватна архива

Кои ти беа омилени активности како дете за време на летниот распуст...

-Можноста да си играм до другарите и другарките по цел ден. Безгрижно детско лето.

Предлог книга за на плажа...

-На плажа обично носам скандинавски трилери. Би ја препорачала The Snowman од Jo Nesbe, бидејќи освен што е одличен трилер, има еден куп снежни сцени кои помагаат во балансирање на високите температури на плажа. :)

Ова лето слушам...

-На повторување ми е The Beautiful Ones на Hurts.

фото: Приватна архива

Ова лето гледам (предлог филм, филмски маратон)...

-Ова лето ги изгледав двете сезони на Sense8, а сега е време за Game of Thrones!-

Омилен летен настан, фестивал, културно случување...

-Омилен летен настан ми е оној на МКЦ поповод годишнината од земјотресот во Скопје. На тесно второ место ми е Makedox.

Што е за тебе знак дека стасало летото?

-Загушливо и гласно Скопје. Некогаш убаво, некогаш малку напорно.

фото: Приватна архива

Што ако се расипе клима на +40?

-Ако се расипе климата, одиме на плажа.

Во кои ситуации се вцрвенуваш?

-Ако утнам нешто да намачкам со фактор за сончање. А се случува. :)

Што најмногу те иритира на плажа?

-Гужва.

фото: Приватна архива

На/За што размислуваш додека лежиш на плажа?

-Буквално на ништо. Медитирам.

Се сеќаваш ли на првата летна љубов?

-Нормално. Не се заборава првата летна љубов!

фото: Приватна архива

Без што не заминуваш на летен одмор?

-Без апарат со полна батерија и празни картички.

Објавено:
28 јули 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
328 пати