Најплатената актерка во историјата на Холивуд

2 јули 2016

На листата на најплатени актери во Холивуд, што неодамна ја објави Box Office Mojo, Скарлет Јохансон е најплатената актерка до сега, со инкасирани 3,3 милијарди американски долари.

Со само 31 година, оваа млада актерка благодарение на вистинските улоги во мега популарните филмови, успеа да влезе во друштвото на топ 10 најплатени актери во Холивуд и е единствената жена помеѓу нив.

На оваа листа пред неа се актерите:

1. Харисон Форд – 4,8 милијарди долари

2. Семјуел Л. Џексон – 4,6 милијарди долари

3. Морган Фримен – 4,4 милијарди долари

4. Том Хенкс – 4,3 милијарди долари

5. Роберт Дауни Џуниор – 3,9 милијарди долари

6. Еди Марфи – 3,8 милијарди долари

7. Том Круз – 3,5 милијарди долари

8. Џони Деп – 3,4 милијарди долари

9. Мајкл Кејн – 3,3 милијарди долари

10. Скарлет Јохансон – 3,3 милијарди долари

Инаку нејзина колешка која се најде на листата топ 20, односно на 19-то место, е Камерон Дијаз која најмногу заработи со нејзиниот ангажман во филмот „Шрек 2".

Објавено:
2 јули 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.886 пати