Цената на храната, живеењето, платите, како и цената на нафтата се параметрите според кои „Economist Intelligence Unit“ ја прават годишната листа на најскапите односно најевтини градови за живот.
Градовите се рангирани во компарација со Њујорк, бидејќи овој град има индекс 100. Сите градови поскапи или поевтини од Големото Јаболко, имаат индекс поголем односно помал од 100.
Кога е европа во прашање, Лондон традиционално е еден од најскапите градови, но по излегувањето на Британија од Европа, индекот е паднат.
Погледнете ја листата за Западна Европа, поточно за првите 15, од најевтиниот до најскапиот:
#15 Рим – За разлика од минатата година, главниот град на Италија се најде едно место подолу на листата. Инаку, на глобално ниво е 35-тиот најскап град во светот.
#14 Минхен – Еден од најквалитетните градови за живот, а воедно и еден од најмоќните во Германија.
#13 Хамбург – не само што е втор град по големина во Германија, но воедно е градот кој има најголемо пристаниште, а тоа многу придонесува за зголемување на трошоците за живот.
#12 Милано – На глобално ниво, ова е 29-тиот најскап град, а за разлика од лани, бележи пад за едно место.
#11 Даблин – Откако се случи Брегзит, Даблин е во центарот на вниманието, а голем број од компаниите во ЕУ размислуваат да инвестираат таму и да го заменат Лондон.
#10 Лондон – На глобално ниво, Лондон падна цели 18 места. Минатата година беше на шесто, а годинава се најде на 24 место, што е најниско рангирање во последните 20 години.
#9 Франкфурт – Економски центар на Германија, со голем број многу богати луѓе, а според истражувањето е најскапиот град во државата.
#8 Виена – Бележи пад од три места во однос на лани. На глобално ниво е 21-от најскап град во светот со вкупно 91 поен.
#7 Рејкавик – Во него има 120.000 жители, што е една третина од населенито во Исланд. Со многу малку природни ресурси, тие постојано вршат увоз, со што и цените се зголемуваат.
#6 Хелсинки – На глобалната листа за разлика од минатата година, се искачи за едно место, со индекс од 92 поени.
#5 Осло – Главниот град на Норвешка се искачи пак за две места, за разлика од минатата година.
#4 Копенхаген – Релативно скапиот транспорт и скапите лични трошоци го позиционираат овој град како четврти најскап во Западна Европа.
#3 Париз – Овој град останува еден од најскапите за живот, со најскапиот алкохол и цигари во споредба со останатите европски градови.
#2 Женева – Вториот најскап град во Западна Европа е вториот најскап град во Швајцарија. Сепак, во 2017 година, цените за многу добра паднаа, па на пример една векна леб чини 6.62 долари, а чинела 7.2 долари.
#1 Цирих – Овој град останува најскапиот во Европа втора година по ред, иако анализата покажува дека дури и во Цирих е забележан мал пад во цената на живеачката.