Најевтини градови за викенд патување

8 ноември 2019

Британскиот „Пост офис“ состави листа на најевтините градови во Европа, кои се идеални за викенд-патување.

Стручњаците се водеа по типичните туристички трошоци - од пијалаци, две вечери за двајца со вино, сместување во хотел со три ѕвездички и превоз.

Резултатите покажаа дека во однос на минатата година, Вилнус, Варшава, Москва и Прага се поевтини, додека за Венеција и Амстердам ќе ви требаат повеќе пари од претходно.

Љубителите на пивото нека имаат на ум дека пивото во Прага е десет пати поевтино отколку во Осло, додека за најскап град во Европа се смета Рејкјавик, главниот град на Исланд.

Во продолжение погледнете кои 10 града се сметаат за најевтини за викенд патување:

1. Вилнус, Литванија

 

2. Белград, Србија

 

3. Варшава, Полска

 

4. Истанбул, Турција

 

5. Букурешт, Романија

 

6. Порто, Португалија

 

7. Рига, Латвија

 

8. Братислава, Словачка

 

9. Москва, Русија

 

10. Прага, Чешка

 

Кој би бил вашиот прв избор?

Објавено:
8 ноември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
457 пати