Викенд-патување: Како најдобро и најлесно да се спакувате?

1 август 2020

Има луѓе на кои пакувањето им оди одлично и оние кои воопшто не се снаоѓаат во тоа. Има и такви што без разлика дали одат на 2 или 12 дена, пакуваат исто количество работи. Има и такви на кои им е полесно да се спакуваат за долг одмор отколку за краток.

Со оглед на тоа во каков правец се движеше и се уште се движи годинава, факт е дека повеќето организираат викенд-патувања. Овој е продолжен и идеален да испланирате бег од градот.

А како најбрзо и најдобро да се спакувате?

Одговорот следи во продолжение, преку неколку совети:

1. Испланирајте ги комбинациите облека

Одлучете се за удобни парчиња кои ќе ги спакувате во посебни футроли или кеси, додадете обувки (не ви се потребни повеќе од два пара), како и модни додатоци од типот на марама и/или шешир, ремен...

2. Одберете соодветна торба

Кога купувате патна торба, секогаш гледајте да има доста внатрешни прегради, внатрешноста да е одмек и лесен материјал. Исто така, ако можете да најдете и да си дозволите таква, убаво би било да е водоотпорна, како и да има можност за проширување, односно кратка и долга рачка. Преградите ќе ви овозможат што полесно да ги сместите сите работи во торба, а останатите работи ќе се покажат како мошне практични при транспорт и одржување.

3. Групирање

Групирајте ги сите неопходни премети. На пример, во еден џеб ставете ја долната облека и пижамите, во друг обувките, потоа крпите итн..Истото важи и за несесер во кој ќе ви стои шминката (неа ставете ја во посебен несесер и направете 2 во 1), од страна наредете ги парфемите или вертикалните креми, дезодорансот, а во средина производите за лична хигиена.

4. Внимателно извадете ги работите од торба

Кога ќе стасате на саканата дестинација, полека распакувајте се, за да не направите неред, бидејќи така не само што ќе истуткате се', туку и нема да знаете каде што ви е, кога ќе ви затреба. Затоа, вадете едно парче или една ќеса по една.

5. Секогаш носете ќеса за валкани алишта и долна облека

Покрај ова, секогаш имајте резерва уште една торба, за секој случај. Кога е козметиката во прашање, за да не ви се растече во торба, односно несесер, носете производи во стил или тврда состојба. И за крај, таканареченото вертикално пакување ќе ви биде од голема помош, бидејќи така само ќе го префрлите во патната торба, без било што да буткате.

 

 

Објавено:
1 август 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
762 пати
Тагови: 
пакување викенд