Најскапите музички спотови некогаш направени

14 мај 2021

Со појавувањето на „Ем-ти-ви“ во 1981 година, видео-спотовите станаа доминантен начин за промовирање на нова музика.

Потоа дојде интернетот, па нови технологии и може да се рече дека денешните видео-спотови се како кратки филмови.

Но, интересно е што се очекува со напредокот на технологијата да бидат што поскапи, а не е така. 

За тоа сведочи и листата во продолжение.

Погледнете кои се 10-те најскапи видео-записи некогаш направени, а воедно ова може да биде и вашата плеј листа за денес:

Busta Rhymes What's It Gonna Be? (1999)

Спотот чинел 2.4 милиони долари. Режисер е Хајп Вилијамс, а најголем дел од парите биле искористени за дотогаш невидени компјутерски специјални ефекти.

 

Mariah Carey Heartbreaker (1999)

2, 5 милиони долари се издвоени за снимањето на овој спот. Поголемиот дел од сумата бил одвоен за изнајмување на киното во кое е снимен, но и ангажманот на актерот Џери О'Конел. За режијата на спотот бил задолжен Брет Ратнер, кој година дена претходно остварил огромен успех со филмот „Гас до даска“.

 

MC Hammer 2 Legit 2 Quit (1991)

MC Hammer во 1991 година се најде на врвот на славата. Неговата дискографска куќа не штедела за добри видео спотови, па за оваа песна одвоиле 2.5 милиони долари. Всушност, направен е краток филм во кој се појавуваат Џејмс Браун и Џон Белуши.

 

Puff Daddy Victory (1997)

Во овој спот има експлозиви, хелихоптери, бркање со коли, сцени на акција, на дожд. Во истиот се појавува и актерката Дениса Хопер, па имајќи го сето ова предвид, не изненадува податокот дека чинел 2.7 милиони долари.

 

Guns N' Roses Estranged (1993)

Овој спот трае речиси 10 минути. Буџетот за видео-записот изнесувал 4 милиони долари, кои биле потрошени за настап на стадион, приватен авион, сцени на танкер, сцени под вода како и во скапоцена вила.

 

Michael Jackson Black Or White (1991)

Би било чудно да го нема Мајкл Џексон на листата, бидејќи тој навистина правеше поинакви спотови. Но, се' започнува со видеото за песната „Thriller“, кое го режира Џон Лендис, а истиот режисер осум години подоцна ќе биде задолжен за снимањето на спотот за песната „Black or White“. Четири милиони долари биле издвоени за сцените со познати актери, лавови, коњи, егзотични локации и дотогаш невидени специјални ефекти и на крајот - трансформацијата на Мајкл Џексон во пантер.

 

Madonna Bedtime Story (1995)

Дискографската куќа на Мадона била расположена да даде 5 милиони долари за снимањето на спотот за песната „Bedtime Story“. Најголем дел од парите биле искористени за комплексен и долготраен процес на постпродукција, додека снимањето на спотот пак, траело шест дена.

 

 Madonna Express Yourself (1989)

 Уште еднаш Мадона. Овој спот е инспириран од немиот филм „Метрополис“. Режијата е на Дејвид Финчер, а буџетот бил 5 милиони долари.

 

Madonna Die Another Day (2002)

Мадона изгледа не е само кралица на поп музиката, туку и на скапите спотови. Оваа песна беше направена за потребите на истоимениот филм за Џејмс Бонд, во кој и Мадона имаше мала улога. За спотот, во кој таа се бори сама со себе, се одвоени 6.1 милиони долари.

 

Michael Jackson & Janet Jackson Scream (1995)

Мајкл и Џенет Џексон во 1995 година го објавија својот прв заеднички сингл. Спотот за истата пак чинел 7 милиони долари. Снимен е во футуристички стил, а зад режијата се потпишува Марк Романек.

 

 

Објавено:
14 мај 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
400 пати