Нашата оперска надеж Ева Живковска ја освои Хрватска во магичен стајлинг на ЕЛЕНА ЛУКА

13 септември 2023

Изминатиов викенд во Стариот римски храм во градот Вараждин се одржа оперскиот фестивал NOcTEs, каде што учествуваше и нашата млада оперска надеж Ева Живковска.

Тридневниот фестивал којшто се случува по трет пат, собра многу уметници под отворено небо на магичен спектакл.

Нашата Ева имаше ретка можност да биде дел од големиот оперски настан, на покана од од директорот на операта во Сицилија легендарниот Џанфранко Папалардо Фиумара.

Маестрално стилизирана од нашиот етаблиран бренд ЕЛЕНА ЛУКА, таа ги освои сите присутни како со својот неверојатен глас така и со стајлингот.

Ева се појави во две елегантни тоалети, во црна и жолта боја, што совршено прилегаа на нејзиниот сензибилитет и приликата.


ЕЛЕНА ЛУКА несебично застана зад нашата млада оперска пејачка и ќе ја пружи својата поддршка и во нејзините следни настапи.

Ева на сцената настапи заедно со Јелена Стефаниќ, Мартина Томчиќ, Софија Чингула, младиот Стјепан Гериќ, Роберто Креска и Алесио Кваресима Ескобар.

Ја прашавме за импресиите од големиот настан и еве што ни одговори:

Концертот под отворено небо помина прекрасно, времето за среќа не послужи. Пеевме покрај минерална вода, што испарува и чијашто температура изнесува 60 степени, што беше голем предизвик.

За мене пеењето на сцена под отворено небо претставуваше едно непроценливо искуство. Ми беше огромна чест и задоволство да ја делам сцената со професионални пејачи со светски кариери. Со овој настан ми се отворија шанси за светските сцени и се надевам дека набрзо ќе можам да споделам со публиката за каде се подготвувам.

Сите присутни ми упатија големи комплименти за стајлингот од ЕЛЕНА ЛУКА, а особено им се допадна жолтиот фустан, за кој што рекоа дека магичен, како излезен од бајка.
Добив покана да пеам во Рим и повторно да се појавам во истата креација, што е голема чест за мене.

Сакам да се заблагодарам на г-ѓа Елена Пандева и на целиот тим кои што одлично си ја завршија својата работа и безрезервно ми ја дадоа потребната поддршка.

На Ева и посакуваме уште многу успеси, а ЕЛЕНА ЛУКА ќе биде секогаш тука за младите надежни уметници како неа.

Објавено:
13 септември 2023
Категорија: 
Култура