Небото над Скопје – изложба на фотографии на Ерина Богоева

30 септември 2016

Во рамките на програмата на Бела Ноќ 2016, на први октомври (сабота) во Домот на културата „Кочо Рацин" (Дом на Градежници), ќе биде отворена изложбата „Небото над Скопје", на талентираната фотографка Ерина Богоева.

Изложбата на фотографии „Небото над Скопје" е поздрав кон животот поминат во родниот град на самиот автор. Таа е благодарност за сите настани доживеани токму под тоа небо.
Преку урбаните пејзажи се иссликуваат различните состојби на тоа небо, а преку него и на нашиот живот: некогаш романтично, некогаш живописно и сликовито, а некогаш сиво, но секогаш свое и најчесто познато.

Изгрејсонца, зајдисонца и се' помеѓу е она што е животот. Понекогаш е потребно само да погледнеме нагоре во точниот момент, а небото над Скопје секогаш ќе е таму.

Објавено:
30 септември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
199 пати