Недораскажана приказна за „The Beatles“ во нов документарец

23 јуни 2016

Оскаровецот Рон Хауард го режираше новиот документарец за култниот британски рок состав „The Beatles", што треба да излезе во септември годинава.

Филмот е насловен "The Beatles: Eight Days a Week – The Touring Years" што веднаш укажува и на темата опфатена во филмот, а се однесува на детали и приказни за време на турнеите на легендарната четворка, од нивните почетоци и локалните настапи во Ливерпул до импозантните настапи на светските сцени.

Како соговорници во филмот се појавуваат и едната половина од The Beatles, Пол Мекартни и Ринго Стар, како и Јоко Оно и Оливија Харисон.

Во филмот се вклучени концертни снимки од бендот, а најголемиот фокус ќе биде ставен на почетокот на кариерата и нивната најголема слава. Ќе биде и спомнато нивното гостување во шоуто на Ед Саливен пред 50 години, кое им донело светска слава.

Неколку месеци по настапот на ова шоу, Битлси тргнале на својата прва светска турнеја, која завршила во 1966 година на која настапиле во 90 градови низ светот и направиле 166 концерти.

Објавено:
23 јуни 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
116 пати