Питер Џексон ќе режира филм за „The Beatles“

31 јануари 2019

„The Beatles" ќе оживеат на филмското платно. Познатиот режисер Питер Џексон, чија работа директно се поврзува со легендарната трилогија „Господар на прстените", е голем фан на бендот, па не е изненадување што токму тој ќе режира филм за своите идоли.

Имено, дејството ќе биде фокусирано на периодот и процесот на создавањето на албумот „Let it be" при што ќе бидат искористени 55 часа досега необјавени снимки од 1969 година.

Се претпоставува дека работниот наслов „Let it be" нема да се промени и ќе биде официјален.

Инаку, малку е пзнато во јавноста дека во 60-тите членовите на „The Beatles" се обиделе да ги купат филмските права за култниот филм „Господарот на прстените". Музичарот Џон Ленон во римејкот на филмот сакал да го глуми Голум, Пол Макартни – Фродо, а групата сакала филмот да го режира Стенли Кјубрик. Сепак, планот на крајот не се остварил поради одбивањето заедничка соработка од страна на авторот на романот, Џ.Р.Р. Толкин.

 

Објавено:
31 јануари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
135 пати