Во четвртокот, на официјалните социјални мрежи на Нетфликс беа објавени снимки од претстојната сезона на хит серијата „Emily in Paris", со кои беше потврдено враќањето на главната актерска екипа на серијата и некои други познати лица.
View this post on Instagram
На една фотографија можеме да го забележиме главниот лик, Емили Купер (Лили Колинс) како седи со нејзините најдобри пријателки Минди и Камил (Ешли Парк и Камил Разат) во кафуле и се смее.
Љубовните интереси на Емили Габриел и Алфи (кои ги играат Лукас Браво и Лусиен Лависконт) исто така се гледаат на фотографиите, како и нејзините соработници Лук (Бруно Гуери) и Џулиен (Семјуел Арнолд) и нејзината шефица Силви Грато (Филипини Лерој-Болие).
View this post on Instagram
Иако Нетфликс сè уште го нема откриено официјалниот датум на објавување, фановите се сомневаат дека третата сезона ќе биде објавена подоцна оваа година. Првата и втората сезона на серијата ги имаа своите премиери во октомври 2020 и декември 2021 година.
Серијата направи бум по премиерата на првата сезона, а гледачите беа најмногу привлечени од приказните сместени на атрактивните локации низ прекрасниот Париз, стилот на ликовите и костимите дизајнирани од легендарната костимографка Патриша Филд, која работеше и на „The Devil Wears Prada" и „Sex and the City".