Неверојатен водопад во Словенија што сведочи за моќта на природата

31 мај 2023

Една од природните атракции во Словенија е неверојатниот водопад Козјак, којшто дефинитивно е место коешто вреди да се посети.

Според многумина ова е најубавиот водопад во земјата, а неговата висина изнесува 15 метри. Го формира потокот Козјак, којшто тече низ тесна клисура пред да потоне во голем базен.

Козјак извира на височина од 2142 метри, тече низ неколку корита и се спушта по шест водопади, од кои само два се достапни за посетители.

Освен Големиот Козјак, може да се посети и водопадот Мал Козјак чија што висина изнесува осум метри. Водата е кристално чиста, со тиркизна боја, но е премногу ладна, па посетителите се советуваат да не се капат таму.

Водопадот е заштитено природно богатство и секој што ќе го посети мора да се однесува максимално одговорно.

Оваа природна атракција, што наликува на волшебен пејзаж скриен покрај високи карпи е популарно место за излетници, планинари и вљубеници во природата.

Освен водопадот местото располага со густа шума, разновидна флора и фауна, а низ него може да се движите преку пешачки патеки и дрвени мовчиња.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Irene Raymann (ireneraymann)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Wes Larson (grizkid)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Éva Krizsák (nyuszko23)

Фото: Instagram

Објавено:
31 мај 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
356 пати