Објавен постерот за 23. „Златна бубамара на популарноста“

10 февруари 2020

Радио Бубамара го обзнани новиот постер за 23 издание „Златна бубамара на популарноста", кој го изработи познатиот цртач Ивица Спасовски кој исто така и во 2013 година го изработи и популарниот постер за 16 издание.

Во духот на слоганот за оваа година „Нема Правда , има Бубамара" постерот на 23 издание отсликува еден дел од настаните од изминатата година, а за најубавите моменти ќе се погрижат најголемите уметници, спортисти и музички имиња кои заедно со екипата на Бубамара подготвуваат незаборавно шоу кое ќе се памети во наредните децении .

Празникот на смеата, убавата и чиста мисла оваа година се паѓа во четврток на 27 февруари.
Во меѓувреме од Радио Бубамара ни порачуваат да дишеме еколошко гориво, читаме лажни вести и се ќе биде ОК.

Објавено:
10 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
425 пати