Златна Бубамара на 27. февруари!

6 февруари 2020

РАДИО БУБА МАРА го обзнани слоганот за престојното 23 издание кој гласи:

Нема правда, има Бубамара!

Во пресрет на 23 издание на нашата најпопуларна манифестација ,од штабот на Златна Бубамара ни порачуваат:

Драги наши преживеани граѓани и доживотни политичари,
Нема правда, има Бубамара !

Имаме милион и пол причини да дојдеме и заедно да уживаме со најголемите музички, спортски, филмски, театарски и медиумски ѕвезди.

Нашиот бројчаник врти напред , а кај некои други од позади.

Дојдете со вашите ташни, раситнете ја стотката и се ќе биде ОК!

Во меѓувреме слушајте лажни вести и дишете еколошко гориво...

Рочиштето е закажано во четврток 27. Февруари во Арена Борис Трајковски.
Нема правда, нема пара, ама има Бубамара!

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од наредната недела, преку www.mktickets.mk и на уште едно продажно место за кое ќе има точна информација наредната недела.

Како и секоја година интересот за билети е преголем како и секоја година кога билетите беа продадени за само 45 минути.



 

Објавено:
6 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.619 пати