Светот денеска се збогува со американскиот актер Чедвик Боузван, најпознат по улогата на Блек Пантер во истоимениот блокбастер на Марвел.
Актерот почина вчера во 43-та година од животот од рак на дебелото црево, дијагнoстициран пред четири години, но тој јавно никогаш не зборувал за неговата борба.
„Семејството ви благодари за вашата љубов и молитви и замолува да се почитува нивната приватност во овој тежок период", се вели во официјалното соопштение до јавноста.
Покрај неговата најпрепознатлива улога на суперхеројот и лидер на африканската нација Ваканда во филмот „Black Panther" кој освои три Оскари, Боузван оствари уште низа значајни улоги. Го гледавме и во биографските остварувања: како Џејмс Браун за фанк легендата и во улога на бејзбол играчот Џеки Робинсон.
Во видеото во продолжение се потсетуваме на неговите најпознати филмски улоги.