Одблизу со огненото момче - Игор Јосифов

26 април 2014

Она што го издвојува Игор од сите останати уметници кои ги знаеме во светот е прво што е Македонец профилиран како светски уметник, второ тој е исклучително талентиран и уникатен и трето неговите дела се совршени поради интеракцијата со публиката. Овој млад уметник едноставно не престанува да изненадува со перформансите во кои често набљудувачот станува набљудуван. Изгледа дека Јосифов совршено ја сфатил уметноста и со таа формула успева да го остави целиот свет без здив.

Photo by Andreas B. Krueger, courtesy Galerie E.G.P. Photo by Andreas B. Krueger, courtesy Galerie E.G.P.

Игор,  она што можеме да го видиме во твоите дела е твојот живот, каракер,  стравови...Колку овие клучни и интимни делови од тебе ти помогнаа да го освоиш светот? Раскажи ни малку повеќе околу балансот и тежината која оваа неверојатна и исклучително ретка уметност ги носи.

- Јас отсекогаш сум стоел за тоа дека уметникот треба да е искрен кон себе и кон уметноста која ја твори и споделува со публиката. Многу е важно една идеја да биде зрела и подготвена за реализирање.  За мене самиот креативен процес на реализирање на некоја идеја е најважен, некогаш моеже да потрае и неколку години. Работам со различни медиуми од преформанс до инсталација на техника со која експериментирам веќе седум години, сите тие различни медиуми имаат некаква поврзаност која создава целина во која  концептуално се надополнуваат.

Самата техника со горење произлезе од инспирацијата од проектот „Manumission”  кој имаше различен контекст. Перформанс уметноста за мене е една од најдиректните форми на изразување и потребна е многу истрајна концентрација и присутност. Некако самиот начин на работа од перформанс до видеа, инсталации, скулптури и слично се надополнуваат и балансираат меѓу себе а мене ми одговора тоа затоа што додека работам во студио на усовршување на техниката на горење и правење изложби размислувам и планирам каде, кога и зошто го правам перформансот, нормално за самоослободувањето  со цел публиката да се искомуницира на прав визуелен начин.

 Кога уметноста е живот, колку е тешко да одвоиш време за живот во животот?

- Линијата помеѓу уметноста и животот за мене на некој начин е замаглена или понекогаш избришана затоа што самиот живот како уметник треба да постане уметност сама по себе.

10264797_10152404617205854_616720023_n

Твојот темперамент е сосема различен од твојот перформанс во делата, барем во повеќето од нив. Дали цртањето со оган го отсликува она што си ти навистина?

- Па дефинитивно се согласувам затоа што кога правам перформанс одам во друга повисока ментална свест која ја споделувам со публиката и тој момент за мене е важен колку што ми е важен животот, морам да бидам 100% присутен и сѐ да помине како што треба, поради тоа што во таква директна уметност публиката постанува дел од тој настан и нормално може да забележи или почуствува ако нешто не е во ред. Цртањето со оган за мене е на некој начин тренинг и терапија затоа што ми дава мир и на некој начин морам  да признаам дека сум зависен од самиот процес на мислење и реализирање.

Кога се случи кликот (моментот) кога реши дека тоа е тоа, одам да го освојувам светот?

- Па мислам самиот нагон на творење, реализирање и сознавањето на светот почнаа многу рано, завршив средно уметничко во Скопје и се запишав во Сан Франциско да студирам уметност, еве веќе речиси 10 години откако сум во Сан Франциско, а последниве седум години откако почнав професионално да се надоградувам во кариерата, направив многубројни изложби и патувања низ светот а тоа нормално ми се рефлектираше и на самиот развој на делата, перформансите и изложбите насекаде. Можам да кажам дека сум многу задоволен, посебно последниве неколку години  и буквално уживам во работата.

Што мислиш за оној став кој луѓето го имаат за уметниците, дека ти е се многу тажни луѓе?

- Уметниците можат да бидат тажни,  а и весели, за мене да се биде весел на некој начин е уметност затоа што преку творењето се надминуваат многу работи. Се согласувам со историјата на уметноста, имаме многу случаи на тажни и трагични животни приказни какви имале многу уметници. Во современиот свет сега и со сите можности кои ни ги нуди мислам дека работите се менуваат. Јас сум многу среќен и уживам во животот максимално а со тоа црпам енергија да се посветам на проекти и нови дела. Немам време да бидам тажен или барем така мислам :). Во контекст на прашањето морам да го споменам едно од моите омилени дела на  „Bas Jan" Ader - I’m too sad to tell you (1970) …каква убавина искреноста вади од тагата...

Те прави ли нешто друго среќен освен уметноста?

- Животот, семејството, пријателите, патувањата и можноста да постојам како уметник и живеам преку уметноста се нештата кои ме прават среќен.

 Photo by Andreas B. Krueger, courtesy Galerie E.G.P. Photo by Andreas B. Krueger, courtesy Galerie E.G.P.

Како светски патник што би донел во Македонија и што би однел од неа во сите останати земји надвор од Балканот. Што ти недостига во Македонија, а што во Сан Франциско каде што си најчесто?

- Искрено моите чувства кон Македонија на секое доаѓање и заминување биле различни.

Пред да заминам за Париз каде што имав изложба со „Galerie EGP/Paris/London(со кои работам веќе 4 години) во Grand Palais за Art Paris  се вратив во Македонија по подолг престој во Сан Франциско и Монтана, се заљубив повторно во Македонија, во природата, пролетта и нормално блиските пријатели кои ги обожавам. Секогаш сакам да ги споделувам моите искуства од светот тука со најблиските, секако  и искуствата од Македонија каде и да одам. Сан Франциско дефинитивно го чувствувам како втор дом, таму поминав добар дел од мојот „возрасен“ живот и секогаш ми недостига кога не сум таму. Едно од омилените места во кои сум живеел.

Photo by Andreas B. Krueger, courtesy Galerie E.G.P Photo by Andreas B. Krueger, courtesy Galerie E.G.P

Како би го објаснил моментот кога публиката емотивно буквално се крши на твоите дела и перформанси, секако во тоа е успехот? Чудно ли е чувството на такво поинакво задоволство?

- Чувството е нереално убаво на некој начин, успехот е во доживувањето на емоциите а најголема чест ми е кога публиката е задоволна и го доживуваат перформансот како незаборавно искуство, така тоа останува и за мене незаборавен момент. Во Атина ми се случи едно прекрасно искуство, на некој начин катарзично доживување, дури и ме полазија морници кога една жена која помина неколку пати  преку мене додека лежев во стаклениот сандак на влезот Onassis cultural center во Атина застана,  гледаше долго време во мене, се до моментот кога започна да плаче, солзите и протекоа и капнаа на провидниот плексиглас токму на местото каде што се отсликуваше мојот лик...никогаш нема да го заборавам тој момент, не се опишува со зборови.

Настанот инаку  го организираше Звонимир Добровиќ на ноќта на перформанси од Балканот каде што учествуваше и Марина Абрамовиќ со која имам работено и порано за една нејзина ретроспектива во  MoMa NYC 2010  која беше дел од Conversations. Имаше доста публика и поминав одлично.

Огнен човек активно веќе седум години. Објасни ни ја твојата љубовна приказна со огнот.

- Навистина е љубовна приказна и како што ја усовршувам техниката љубовта кон процесот на работа станува се поинтензивен . Оганот рефлектира многу работи од мојот живот, она што навистина ми се допаѓа е тоа што цртежот се ослободува преку огнот и се одсликува на хартијата. Ме потсетува на изјавата на  Ив Клеин (кој користел оган во својата уметност ) дека цртежот претставува затвор додека бојата претставува слобода. Можам да кажам дека оваа година со мојот резиденс во ЈелоуСтоун Музејот за уметност во Монтана  на самиот почеток на годинава и многу други изложби вклучувајќи ја „MSUB Northcutt Steel Gallery“ до сега славам седум години заклучно со триумфот во Париз – „Art Paris Art Fair“ со Galerie EGP во познатото Grand Palais, вистинско магично доживување.

Photo by Andreas B. Krueger, courtesy Galerie E.G.P Photo by Andreas B. Krueger, courtesy Galerie E.G.P

 Што би можело на еден уметник да му биде инспирација за создавање на вакви уникатни дела?Видливи или невидливи работи (состојби)?

- Самиот процес на работа го наоѓам како доста инспиративен затоа што со текот на времето научив многу, на пример за техниката која ја викам „fire reflection“, дојде одеднаш, а сега веќе две години активно ја усовршувам. На овој линк можете да го погледнете различниот процес и различниот начин на презентирање кое се уште го усовршувам:  http://igorjosifov.tumblr.com

Доколку животот би ти бил уникатно дело, како би изгледало?

- Токму како што изгледа во моментов  art=life / life=art

Објавено:
26 април 2014
Категорија: 
Култура