Олена Зеленска на насловна на „Вог“ предизвика бурни и поделени реакции

27 јули 2022

Модното списание „Вог", вчера објави статија за Олена Зеленска, сопруга на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во која таа зборува за својата улога како Прва дама за време на тековната војна Украина и Русија, како и за времето поминато одделена од својот сопруг, принудена да се грижи за своите деца во ужасни услови.

Фото: Vogue | ANNIE LEIBOVITZ

Статијата се освнува на сите квалитети на Зеленска како современа и модерна жена, мајка и политичка фигура; сето она што го постигнала пред да започне војната; нејзината заложба за заштита на ранливите категории граѓани, особено децата со посебни потреби; нејзините моќни говори на важни политички манифестации и значењето на нејзиното присуство во политичката сфера.

Фото: Vogue | ANNIE LEIBOVITZ

Покрај деталниот опис на начинот на живот на семејството Зеленски за време на оваа војна и криза со неизмерни загуби и бројни жртви, кој несомнено му дава политички контекст на текстот, тој во голема мера се посветува и на минатото на Зеленска како писателка во сферата на комедијата, нејзиниот став за местото на жената во полето на комедијата, политиката, војната и светот воопшто, навестувајќи ја тежината и значењето на нејзиното силно феминистичко чувство. Текстот, меѓу другото, исто така содржи и изјави од Зеленска и Володимир за нивниот брак, како и нивната силна поврзаност и меѓусебна поддшка.

Фото: Vogue | ANNIE LEIBOVITZ

Статијата во „Вог" во авторство на новинарката Рејлеч Доналд е проследена со пет фотографии направени од една од најголемите фотографски женски имиња, Ени Лебовиц.

Сепак, помалку или повеќе очекувано, земајќи ја предвид моменталната ситуација во која се наоѓа Украина, оваа содржина не беше прифатена еднакво од сите. Напротив, читателите се драстично поделени помеѓу оние кои го охрабруваат парот, особено „моќната жена" Олена Зеленска (како што е прикажана преку зборови и фотографии), потенцирајќи колку е важно да се прикаже и оваа страна на семејството од кое зависи иднината и безбедноста на украинскиот народ, но и оние според кои целиот текст и фотосесија се невкусни, исценирани, и безмалку лажни.

Фото: Vogue | ANNIE LEIBOVITZ

Бурната (и погласна) реакција на вторите, особено ги нападнаа Зеленски за злоупотреба на времето на кризата за самопромоција и „позирање во модно списание додека државата гори и народот умира". Дел од нападите доаѓаат од обични корисници, но и политички фигури активни на твитер, според кои фотографирање и позирање за време на војна и страдање, додека Украина губи голем дел од населението и територијата.

Фото: Twitter screenshot

Фото: Twitter screenshot

Фото: Twitter screenshot

Фото: Twitter screenshot

Фото: Twitter screenshot

Фото: Twitter screenshot

Фото: Twitter screenshot  

Сепак, дел сметаат дека „режираните" фотографии сосема соодејствуваат со содржината и ги илустрираат обработените теми во статијата, особено фотографијата која ја прикажува Олена Зеленска на аеродромот „Антонов" опкружена со женски војници.

Фото: Vogue | ANNIE LEIBOVITZ

 

Фото: Reddit screenshot

Фото: Reddit screenshot

Фото: Reddit screenshot

Фото: Reddit screenshot

Фото: Reddit screenshot

Фото: Reddit screenshot

Фото: Reddit screenshot

 

Дали објавувањето на оваа статија и фотосесија се правилен потег, но можеби во погрешно време останува тема отворена за дискусија. Дотогаш, социјалните мрежи ќе горат од коментари, критики и восхитувања.

Објавено:
27 јули 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
982 пати