Рускиот „Вог“ со насловна од 1945 година прати порака за мир

24 февруари 2022

На социјалните мрежи на руското издание на „Вог“ е објавена насловна страница од магазинот со сино небо.

„Вог за мир“ стои во објавата, со која тимот на магазинот сака да прати порака за актуелните случувања помеѓу Русија и Украина кои стануваат се' позагрижувачки.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue Russia (@voguerussia)

 

Насловницата која ја објавија е всушност од британското издание на „Вог“ од 1945 година. Со оваа фотографија симболично магазинот го прослави крајот на Втората светска војна.

А како всушност настанала оваа насловна?

Како пренесуваат некои странски медиуми, „Победата на Јапонија“ со што се означил и крај на Втората светска војна, бил настан кој изненадил многумина, вклучувајќи го и тогашниот тим на „Вог“.

Немајќи доволно време да подготват специјално издание што ќе го слави мирот, уметничкиот директор Џејмс де Холден-Стоун дошол на идеја фотографијата од чисто сино небо, без воени авиони да биде ставена за прва.

И покрај  тогашната репутација на магазинот со софистицирани и духовити насловни страници, “Вог“ бил одличен пренесувач на расположението на нацијата. На пример, смртта на кралот Џорџ V во 1936 година беше одбележана со празна насловна страница во виолетова боја, а истата била повторена и после смртта на Џорџ VI во 1952 година.

Инаку, изданието на „Вог“ од 1945 година е значително помало (во димензии) од она на пример во 1939 година, бидејќи во текот на војната се штедело на хартија. Интересно е што и по завршетокот на војната, старите димензии никогаш не биле вратени и „Вог“ продолжил да функционира во нов формат.

 

Објавено:
24 февруари 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
248 пати