Зошто е виолетова новата насловна на Вог

17 октомври 2022

Минатата недела, британскиот Вог ја обои корицата на ноемвриското издание за 2022 во виолетова боја во чест на кралицата Елизабета II. Насловната страница не содржи ништо друго освен логото на магазинот, зборовите „Нејзиното Височество Кралицата" и годините на нејзиното раѓање и смрт, 1926 – 2022 година.

Фото: super1

Ова е трет пат како Вог објавува виолетова корица, и причината за тоа е од голема важност за Велика Британија.

Имено, виолетовата отсекогаш била симбол на благородништво и била тесно поврзана со Кралското семејство.

Според Вог, во 16 век, кралицата Елизабета I не дозволувала никој надвор од нејзиниот внатрешен круг да носи виолетова боја, додека пак кралицата Елизабета Втора за крунисувањето во Вестминстерската палата носела таканаречена Robe of Estate, наметка изработена од 22 метри долго виолетово кадифе.

Британскиот Вог првпат објави виолетова корица во 1936 година по повод смртта на кралот Џорџ V. Тогаш власта ја презел Едвард Осми кој многу брзо абдицирал за да може да биде во врска со разведената Волис Симпсон. Кралот Џорџ VI потоа добил ќерка, кралицата Елизабета Втора.

Фото: super1

Пред тоа, виолетовата боја повторно била применета на насловната страница на британски Вог, како детаљ од илустрација на која е прикажана виолетова перница и рака облечена во венчален прстен-посветена на свадбата на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип.

Фото: super1

Втората целосно виолетова корица на британскиот Вог била објавена по повод смртта на кралот Џорџ VI во март 1952 година.

Кралицата Елизабета Втора седеше на тронот импресивни 70 години, со што стана британски монарх со најдолг стаж.Главниот уредник на Вог, Едвард Енинфул, посочи дека оваа насловна не е само поздрав до кралицата, туку и благодарност за сè што направила за време на нејзиното владеење. Во овој број за ноември таа беше почестена на неколку страници.

Објавено:
17 октомври 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
277 пати