Додека на модната недела во Њујорк дизајнерите постојано се борат за различноста, француското издание на Вог сепак е чекор понапред.
На насловната страница за еден од најубавите месеци од годината, март, тие за прв пат ставија трансродов модел со наслов „Трансродова убавина: Како тие го менуваат светот“.
Насловната страница на магазинот ја краси бразилската убавица Валентина Сампајо, а фотографиите се направени од легендарните Мерт Алас и Маркус Пигот.
Мартовското издание на францускиот Вог ќе биде пуштено во продажба на 23 – ти февруари, а магазинот за истото ги извести фановите преку објава на Инстаграм која гласеше:
„Овој месец сме горди што можеме да ја прославиме трансродовата убавина и горди сме на Валентина која ја има првата насловна во нејзиниот живот како трансродов модел кој ја менува модата и ги крши предрасудите“.
Уредничката на магазинот Емануела Алт во воведникот го опишува моментот кога Валентина пристигнала на сликањето во нивното студио облечена во фармерки и бела маичка.
„Таа е вистинска убавица, таа е еднаква со Жизел, Дариа, Иди или Ана. Само има една разлика, Валентина, фаталната жена била родена како момче“, напиша Али во магазинот.
Фотографијата на Валентина на насловната на Вог има за цел да прати порака за важноста на човековите права, за кои уредничката ќе каже дека не одат во добар правец.
„Само тогаш кога трансродов модел ќе се најде на насловна страница на магазин без притоа да мораме да го објаснуваме тоа во текст, ќе знаеме дека битката е добиена“, додаде Али во магазинот.