За што пишуваат модните магазини во јули?

7 јули 2013

Овој месец ќе биде во знакот на супермоделите и едно дебитантско издание. Француското издание на „Vanity Fair“ за својот прв број ја одбра Скарлет Јохансон на насловната страница.

Насловната страница е инспирирана со француската икона Брижит Бардо, а за фотографијата е заслужен Марк Селиџер.

Кејт Аптон доби уште една насловна на Вог. Заносниот модел со мали чекори успеа да го пробие моделингот во светот, па во бразилското издание на списанието е облечена во облека на Миу Миу.

Ања Рубик за руското издание на Вог направи и мала преобразба, па изгледа како секси русокоса од 1980-тите.

Шпанското издание на Вог пак, има вистинска летна насловна страница, со плажа и сонце. Екипата на магазинот отиде до Св.Бартс, каде Дариа Веброви позираше во костим за капење и кожена јакна.

Миранда ја сними својата втора насловна страница за Вог. Овој пат се работи за корејското издание, а облечена е во модели на Проенза Скулер.

 

Објавено:
7 јули 2013
Категорија: 
Актуел