Жизел Бундшен совршена и гола во новиот број на Вог

6 ноември 2013

Жизел Бундшен по кој знае кој пат заблеска на насловната страница на Вог, овојпат во париското издание на магазинот.

Манекенката изгледа буквално совршено позирајќи пред апаратот на Инез ван Ламсверд и Винуд Матаден, во изданието на магазинот што е посветено на накитот.

Таа во својата кариера повеќе пати се најде на насловната страница на овој магазин, вклучувајќи го и италијанското, бразилското и американското издание.

Во фотосесијата за магазинот, таа изгледа неверојатно во волшебни долги фустани, во еден интересен комбинезон со транспарентна блуза и уште во неколку супер парчиња.

Таа уште еднаш го покажа нејзиното совршено тело позирајќи сосема гола и повторно му покажа на светот зашто е една од најбараните манекенки во светот.

Објавено:
6 ноември 2013
Категорија: 
Сцена