Жизел Бундшен на првата насловна на новиот магазин Porter

6 февруари 2014

Долгоочекуваното печатено издание на онлајн продавницата Net-a-Porter, насловено Porter прв пат ќе биде пуштено во продажба на 7-ми февруари и ќе излегува шест пати годишно. Очекувано, на насловната на премиерното издание е еден од најплатените модели на денешницата, Жизел Бундшен.

Модниот магазин, покрај тоа што ќе пишува за бренодвите презентирани во електронската верзија, дополнително ќе отстапи простор и за содржини кои не се застапени на Net-a-Porter, како теми од областа на убавината, културата и туризмот.

Во првиот број ќе имаме можноста да го прочитаме интервјуто со креативниот директор на Ланвин, Албер Елбаз, а покрај тоа содржината ќе биде збогатена и со ексклузивен едиторијал со Бундшен кој го направија фотографите Инез ван Ламсверд и Винуд Матадин.

Луси Јеманс која е актуелен уредник на Net-a-Porter, останува на челната позиција и на печатената верзија.

„Пред две години сонував да создадам интернационален моден магазин кој ќе и се обрати на современата жена, кој ќе ги сплоти убавината и имагинацијата. Ова е печат посветен на жените на денешницава“, вели уредничката на долгопланираниот Porter.

Секое печатено издание на магазинот, ќе биде достапно и во елктронска верзија.

 

 

 

Објавено:
6 февруари 2014
Категорија: 
Актуел