Лејди Гага гола на насловната на V Magazine

23 јули 2013

Пејачката направи уште една провокативна фотосесија, овојпат позираше пред објективот на холандското дуо Инез ван Ламсверде и Винуд Матадин. Фотографиите се дел од едиторијал што ќе биде објавен во новиот број на V Magazine.

 

 

Инез и Винуд пред два дена на Инстаграм објавија една фотографија на голата Лејди Гага, а магазинот на својата интернет-страница постираше кратко видео со кои се најавува фотосесијата.

 

Лејди Гага беше релативно тивка во поголем дел од годината, барем досега. Пред една недела таа објави порака дека нејзиниот следен Artpop ќе биде лансиран во ноември, а првиот сингл на 19 август. Во август ќе почне да се продава и септемврискиот број на V Magazine на чија насловна е разголената пејачка.

 

Објавено:
23 јули 2013
Категорија: 
Актуел