Роналдо гол на насловна на Вог

20 мај 2014

rona-800x4702

Шпанското издание за месец јуни на Вог ќе биде едно од најпродаваните, ако судиме според насловната страна, на која се наоѓаат Кристијано Роналдо и неговата девојка Ирина Шаик. Фотосесијата е на, кој друг ако не, Марио Тестино, а освен насловната страна, тој е задолжен и за провокативните фотографии низ содржините на магазинот.

article-0-1E02B2C300000578-433_634x827

Всушност темата на фотосесијата била „Љубов и фудбал“, претставена преку голото тело на Роналдо и Ирина која ги крие неговите интимни делови облечена во бел фустан. 

article-0-1E02D2EA00000578-348_634x415

Двојката е во врска веќе четири години, а оваа насловна страна многумина ги потсети на онаа на американското мајско издание на Вог, со Кање и Ким. Сличноста се коментира во однос на позите на двојката. Инаку, ова не е првата „гола“ насловна.

article-2632926-1C79939600000578-296_306x423

Во 2011 година на насловната страна на руското издание на истиот магазин се појавија Адам Левин и Ана Вјалицина, која на себе имаше само крзнен „шал“. Нивната тема беше „Модата како секс“.За насловната се појавија бројни негативни коментари, а двојката после неколку месеци се раздели. Да се надеваме дека истото нема да им се случи и на Роналдо и Шаик.

Adam_Levine__Anne_V

А кој се наоѓа на насловните страни на останатите модни магазини?

Harper's Bazaar во Германија

hbger-741x1000

Овој пат зад фотосесијата се потпишува секогаш интересниот Тери Ричардсон. Доколку ви излгеда познато, не сте се излажале, затоа што фотографијата е од истата фотосесија што американското издание на овој магазин ја правеше за актуелниот месец. Инаку, текстот е посветен на посетата на Кејт на забавата на принцот Вилијам.

Вог - Америка

fashion_scans_remastered-charlize_theron-vogue_usa-june_2014-scanned_by_vampirehorde-hq-1-730x1000

На насловната страна е Шарлиз Терон во креација на Диор. Марио Тестино фотографираше, а актерката открива детали од љубовната приказна со Шон Пен. „Се случи многу природно и спонтано. Сите ме прашуваат за свадба, но јас никогаш не сонував за венчаница. Тоа треба да биде ноќ кога ќе се слави љубовта, а се што вие гледате и двојка која цела вечер е раздвоена и ги прашува сите дали е се во ред. Треба многу работа за тоа“, вели таа.

Вог - Германија

rosie-770x1000

Во креација на Шанел и провкативно издание Роси Ханингтон Вајтли ја краси насловната страна на Вог во Германија, а зад фотографијата се потпишува Камила Акранс. Моделката неодамна беше во Шангај со Мајкл Корс, на отоворањето на неговата прва продавница во Кина, а токму за тоа ќе зборува и убавата Роси.

GQ - Италија

GQ176-COVER-Sharon-150

Во секси долна облека Шерон Стоун се уште предизвикува воздишки кај многумина. За фотосесијата беше задолжен Карл Симон, а токму за тоа како изгледа да се соработува со Стоун, тој открива во изданието за следниот месец. „Таа е неверојатна, и лесно се соработува со неа. Врвен професионалец и соработник, но истовремено е забавна и секси. Таа дава 110 процента за време на снимањето. Би сакал повторно да снимам со неа“, вели Симон. А за тоа како дошол на идеја да ја слика токму во долна облека, тој додава „Имаше повеќе можности, но магазинот ја одбра таа фотографија“.

Интервју

Џони Деп во Германија или Џони Деп во Русија?

GER-800x470

Имено, изданијата на Интервју во овие две држави имаат речиси идентични насловни страни, зад кои се потпишува Брус Вебер. Џони Деп држи мече во рацете. Разликата е само во боите со кои се најавува ова јунско издание. Која повеќе ви се допаѓа?

 

Објавено:
20 мај 2014
Категорија: 
Актуел