Опера „Магбет“: Лажното лице мора да го скрие она што го знае лажното срце

17 февруари 2020

„Магбет“, драма, можеби една од најзначајните на Шекспир, што ги отвора прашањата за човековата психологија, алчност и желбата за власт кои го уништуваат здравиот разум.

Ова е оперското дело со кое Џузепе Верди воспоставува уметничка врска со Шекспировите драми, па правејќи бројни исклучоци од традиционалната италијанска опера и промена во личниот музички израз, ни ја претставува приказната за деструктивноста на човековата природа, преку главните ликови на Магбет и Леди Магбет.

Состојбата на нивниот дух која носи фатални последици и загрозува многу човечки судбини, на сцената на Националната опера и балет ќе ја донесат првенците Борис Трајанов и Весна Ѓиновска Илкова.

 Диригентската палка, овој пат е во рацете на маестро Диего Гарсија Родригез од Шпанија, кој не ја крие возбудата за овој негов дебитантски настап пред македонската публика, на сцената на Националната опера и балет.

Диего Родригез

Во останатите улоги настапуваат:  Александар Стефаноски, Никола Стојчески, Катерина Митева, Дејан Стоев, Диме Петров, Борко Биџовски, Марко Гапо, Димитар Кожухаров, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Национална опера и балет.

Диригент: Диего Гарсија Родригез (Шпанија)
Режисер : Марко Спада ( Италија)
Сценограф: Мауро Тинти (Италија)
Кореограф: Олга Панго
Асс. хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Костимограф: Раде Василев
Aсс.режисер: Трајко Јордановски , Љупка Јакимовска
Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Павлина Здравкова ,Невена Георгиева

Билетите се веќе во продажба на билетарницата на Националната опера и балет и онлајн на www.operabalet.mk

Објавено:
17 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
542 пати
Тагови: 
опера Магбет