В понеделник премиера на „Скендербег“- првата опера на албански јазик на сцената на МОБ

21 декември 2019

Во фоајето на Националната опера и балет, вчера се одржа прес-конференција по повод премиерата на операта „Скендербег" од композиторот Фатос Лумани, која ќе биде изведена на 23 декември 2019 година во 20.00 ч. во Националната опера и балет.

Оперското либрето „Скендербег" е базирано врз странски и албански автори кои во нивните дела како протагонист го имаат ликот на Скендербег, кој во оваа опера се портретизира како врвен борец, патриот но и како човек обземен со човечки и љубовни чувства.

Авторскиот тим го потпишуваат 
Диригент: Олси Ќинами 
Режисер: Ќендрим Ријани 
Асс. Режисер: Петрит Незири 
Либретист : Аријан Красниќи 
Кореограф: Артан Ибершими 
Костимограф: Марија Пупучевска 
Концерт мајстор: Верица Ламбевска 
Хор мајстор: Јасмина Ѓоргеска 
Светло дизајн: Милчо Александров 
Асс. кореограф: Саша Евтимова 
Корепетитори: Шкељзен Бафтијари, Андреја Наунов, Јанинка Невчева 
Нотограф: Адис Исмаили 

Солисти:
Скендербег: Армалдо Клоѓери 
Фатима: Зана Абази Рамадани
Хасан Ага: Армандо Ликај 
Султан: Васко Здравков 
Мамица: Нина Мухо
Хамза: Никола Стојчески 
Лек Дукаџини: Лиридон Садриу
Јерина: Марија Наумовска 
Пејачот:Мустафа Имери 
Пејачката: Бесарта Муртезани 
Војник: Исмет Вејсели
Виолинист на сцена: Сихана Бадивуку 
Мајка на Скендербег: Дрита Каба Карага 

Хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет

Балет:Агим Бафтии, Ева Џингова, Мартина Димовска, Матеа Илиевска, Стефанија Кузмановска, Арта Ќаили, Антонија Димитриевска, Тијана Аврамовиќ, Бојан Димовски, Веселин Трајковски.

Објавено:
21 декември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
225 пати