The Economist ги објави резултатите од годинешното истражување за градовите во кои има најдобри услови за живот. 

Хелсинки, Финска

Додека во некои делови од светот луѓето се соочуваат со војни и ред други проблеми, има градови во кои се живее навистина убаво. 

Листата која се изработува секоја година, се базира на бројни истражувања и фактори кои се земаат во предвид. Меѓу нив се – безбедноста, здравството, инфраструктурата, економијата и уште неколку други. 

Перт, Австралија

Годинешното истражување покажа дека најдобрите градови за живот се оние со средна големина, во богати земји со релативно ниска густина на населението. 

На прво место оваа година се најде прекрасниот Мелбурн, а интересно е тоа што меѓу првите десет, се најдоа дури четири австралиски и три градови од Канада. 

Мелбурн

Веднаш по Мелбурн, на листата се најде Виена, потоа Ванкувер, Торонто, Калгари, Аделаида, Сиднеј, Перт, Окланд, а десетото место го делат Хелсинки и Цирих.

Објавено:
24 август 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
7.850 пати