Ова се најдобрите блогови за модни илустрации

9 мај 2014

glavna

Илустрациите се неопходна врска помеѓу дизајнерот и љубителите на модата. Тие не се само средство со кое дизајнерите би ја покажале својата замисла, туку и еден облик на уметност. Денес, со помош на модните илустрации, уметничкиот елемент на модата го крева на повисоко ниво.

Во продолжение погледнете неколку блогови за модни илустрации кои ќе ве инспирираат и поради кои модата уште повеќе ќе ја сакате.

Igor+Andre

 

I+Aphoebetonkinsmissvogue

Дени и Дејвид Робертс ја започнаа својата блог-приказна во 2008 година. Во тоа време Дени е студент на Академија за уметност, на одделот за моден дизајн. Професорите го охрабриле да започне посериозно да се занимава со илустрација, на што тој и до денес е мошне посветен. Блогот е познат во модниот свет, а за тоа говорат и соработките со Forever 21, Lancome...

I+ACoco_Rocha_2-310x394

I+Adroberts-orangecounty-registercover

I+ALauraogradyCharacter_Sketchbook_226

I+AVogue_irvining_penn_roberts

 

Sabine Pieper

 

+ kolaz

Сабине е една од најдобрите илустратори на денешницата. Грациозни и елегантни илустрации е она по што таа е позната. Има 34 години, а родена е во Берлин. Кариерата ја започнува како фотограф. После работно искуство од десет години и реализирањето како мајка, започнува да се занимава со модна илустрација. За успешноста говорат и ангажманите за Vlisco како и Elle UK и  Mykromag.

+elle8+sabinepieper_270712_01+sabinepieper_270712_02

Birdy&Me

 

Birdi kolaz

Ова е малиот рај на Кели Смит. Според многумина, таа создава неверојатно убави илустрации. Доаѓа од Австралија, а дипломирала на факултетот за ликовни уметности. Многумина се сведоци на талентот што го поседува, па нејзините илустрации се објавени и во магазини како што се Vogue Australia, Cleo, Flare, Pulp... Исто така, на списокот на нејзини клиенти се и Net-a-Porter, In Style UK, General Pants Co...

B CHIC_ARTISTRYB W_COTILLARDB xjox

Paper Fashion

 

PF kolaz

Овој блог го води уметничката Кетрин Елис. Детството го поминува во мал град во близина на Атланта во друштво на троица браќа, поради што често пати имала потреба да избега во свој свет на фантазијата. Кога тетка и ги купила првите водени боици, имала седум години и и беше јасно со што сака да се занимава во иднина. Денес, Кети живее во Кембриџ и постигна успех работејќи за големи компании како Coach, Penalope & Coco, Target и Elle Girl. Покрај илустрации, страст и е и дизајнирање на облека.

Processed with VSCOcam with f2 preset

Processed with VSCOcam with f2 preset

PF Swarovski_Post_1

Fifi Lapin

 

FF kolaz

Фифи всушност е зајче, веројатно најмодерното на светот. Вог го карактеризира како моќна модна сила, а погледнете и зошто.

FF burberry042sml

FF fifilapinpaperdoll

FF sassandbidefifilineup

Lula

 

LULA Issue_6_Spread_8

Ова е блог кој по концептот сличен на претходниот. Илустрираната ѕвезда овој пат е модерна бринета наречена Лула. Таа носи тренди парчиња од модните ревии и едиторијалите, а меѓу омилените ѕвезди и се Оливија Палермо, Лејди Гага, Сара Џесика Паркер... Како таков, блогот го привлече вниманието на познатите личности во модата, па оствари соработка со Чопард, Москино, H&M, Долче и Габана, Ана дел Русо.

LULA PORTER_DIGITAL_Aquazzura_Ad_iPad_iPhoneLula_ArmFar_Chopard_Cannes_01-x

Објавено:
9 мај 2014
Категорија: 
Култура