„Play your own game“ – изложба на Љубица Мешкова Солак

11 мај 2017

Вчеравечер во ART Skopje-центар за современа уметност, беше отворена изложбата „Play your own game" на нашата позната уметница Љубица Мешкова Солак.

Поставката вклучува дваесетина неконвенционални уметнички дела и инсталации во чие креирање, современата уметница покрај платно, користела и други различни материјали како картон, сијалици, декоративен мебел...

Со насловот на оваа поставка „Play your own game" (Играј ја својата игра), Солак се надоврзува на претходната нејзина поставка „Life is a game, Art is life" (Животот е игра, уметноста е живот).
Љубица Мешкова Солак е автор во постојана акција по нешто ново, уникатно и несекојдневно, а овој пат нејзината творечка и креативна енергија ја презентираше во еден нов концепт.
Таа е препознатлива по нејзиниот изразен колорит и цртеж, силната експресивна енергија на моќни и одлучни потези и гестови.

Повикувајќи се на насловите на досегашните циклуси, Солак сугерира слобода и енергија со компонирање и рекомпонирање на формата и на ликовните елементи, воведувајќи не во апстрактна димензија на концепт испреплетен со нашите судбини и со хаосот на човековото постоење.
Изложбата ќе биде отворена до 10-ти јули.

Објавено:
11 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
203 пати