Култниот Иан „Леми" Килмистер, фронтменот на британскиот метал бенд „Моторхед“, почина вчера на 70-годишна возраст, објави бендот на нивната интернет страница.
– Не постои едноставен начин да го кажеме ова... Нашиот моќен и благороден пријател Леми почина денеска по кратката борба со екстремно агресивниот рак. Не можеме да искажеме колку сме шокирани и тажни. Не постојат зборови за тоа. Славете го животот на овој прекрасен човек, како што тој и самиот правеше. Тој би го сакал токму тоа. Иан „Леми" Килмистер 1945¬ – 2015. Роден да губи, живееше да победисе вели во соопштението на „Моторхед", објавено синоќа.
Поради лошата здравствена состојба на Леми, „Моторхед" последниве недели откажа неколку најавени настапи.
Рокерот со британско потекло, кој бил и поранешен придружник на Џими Хендрикс, го основа бендот „Моторхед“ во 1975-та година.