Актерот Пол Сорвино, познат по улогите во „Goodfellas" и „Law & Order", почина од природна смрт во понеделникот наутро на 83 годинишна возраст. Сопругата на Сорвино, актерката Ди Ди Сорвино, добитник на Еми, била покрај него во последните моменто од неговиот живот.
- Нашите срца се скршени, никогаш нема да има друг Пол Сорвино, тој беше љубовта на мојот живот и еден од најголемите изведувачи што некогаш ги украсил екранот и сцената. - изјави Ди Ди Сорвино за медоумите.
Сорвино, кој е роден во Бруклин, Њујорк, уживаше повеќе од пет децении работа во сферата на филмот, телевизијата и на сцената на Бродвеј, оживувајќи различни, привлечни и драматични ликови.
Најпознат беше по својата улога во „Goodfellas" на Мартин Скорсезе, каде тој го играше мафијашот Пол Цицеро. Во 2004 година, актерот изјави дека овој лик е комплетно различен од неговата личност. Покрај Цицеро, Сорвино е можеби подеднакво познат по неговиот ангажман од 1991 до 1992 година на серијата „Law & Order".
Сорвино, дипломец на Американската музичка и драмска академија, го имаше своето деби на Бродвеј во мјузиклот „Bajour" од 1964 година, а подоцна се појави и во „Skyscraper" и „An American Millionaire".
Неговата богата актерска кариера ќе биде запаметена и по неговите драматични изведби глумејќи вистински луѓе, како во „Reds" на Ворен Бити и „Nixon" на Оливер Стоун, но исто така и улогите во „Romeo + Juliet" од 1996 година, драмата "The Panic in Needle Park" заедно со Ал Пачино во 1971, криминалната драма на CBS од 1988 година „The Oldest Rookie", адаптацијата на „Dick Tracy" на Ворен Бити од 1990, суперхеројската Дизни авантура „The Rocketeer" од 1991, адаптацијата на „The Firm" заедно со Том Круз во 1993, и неодамна во „The Godfather of Harlem" на Епикс од 2019 година до 2021 година.