Почина тапанарот на „Foo Fighters“

26 март 2022

Музичкиот свет денеска го разбуди шокантна вест. Во 50-та година од животото почина Тејлор Хокинс, тапанарот на популарниот рок бенд „Foo Fighters".

Информацијата на социјалните мрежи ја потврдија членовите на бендот, со емотивна порака во која се збогуваат со нивниот колега и пријател.

„Семејството на „Foo Fighters" е потресено од треагичната загуба на нашиот сакан Тејлор Хокинс. Неговиот музички дух и заразна смеа ќе живеат во сите нас засекогаш", објавија од бендот.

Причината за смртта не е соопштена.

Периодов бендот беше на турнеја во Јужна Америка и следно требаше да настапат на фестивалот „Estero Picnic" во Колумбија.

Голем број пријатели и музичари со емотивни пораки на социјалните мрежи се простуваат од прерано починатиот талентиран артист.

„Навистина прекрасна личност и фантастичен музичар", напиша Ози Озборн.

Ринго Стар исто така напиша посвета на социјалните мрежи, „Господ да те благослови Тејлор".

Мајли Сајрус која исто така е дел од програмата на фестивалот каде што требаше следно да настапуваат, најави дека нејзиниот настап ќе го посвети на Хокинс.

Роден е на 7 февруари 1972 година, а во 1976 година со семејството се преселиле во Калифорнија каде ја поминал својата младост.

Објавено:
26 март 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
266 пати