Рок елитата го испрати Крис Корнел во легендите

27 мај 2017

Голем број познати музичари и ѕвезди од светот на шоу – бизнисот го испратија големиот Крис Корнел кој неодамна почина ненадејно на 52 годишна возраст.

По негова и желба на семејството, тој бил кремиран и закопан до Џони Рамон, легендата од бендот The Ramones.

Дека Корнел беше еден од најдобрите музичари и воопшто луѓе во шоу – бизнисот докажа и огромниот број на пријатели кои се собраа да го испратат во легендите.

Меѓу присутните беа и холивудските актери Бред Пит и Кристијан Бејл, потоа Фарел со неговото семејство, голем број на музичари од популарните рок групи меѓу кои и Metallica, Foo Fighters, Јane’s Addiction, Faith No More и многу други.

Тие се простија од нивниот пријател со звуците на „Like a Stone“ од Audioslave, а нешто подоцна Честер Бенингтон од познатата рок група Линкин Парк ја испеа познатата „Алелуја“.

Погребот на познатиот рокер се случи една недела откако тој беше пронајден мртов во неговата хотелска соба во Детроит, а официјални лица потврдија дека смртта настапила како резултат на бесење.

Многумина ќе кажат дека светот изгуби големо музичко име од рангот на Фреди Меркјури, Елвис и Џон Ленон.  

Објавено:
27 мај 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.706 пати