Вечерва вирално се прошири тажната вест за смртта на 41-годишниот фронтмен на познатиот американски алтернативен рок бенд Linkin Park, Честер Бенингтон.
Полициските служби информирале дека пејачот се обесил утринава по локално време во 9 часот, во неговиот дом во Палос Вердерс во Лос Анџелес, додека бил сам дома.
Оваа вест беше непријатно изненадување особено за фановите на бендот кој беше еден од првите што го наметнаа рап-метал правецот во музиката, а зад себе оставија култни албуми и хитови: "Faint," "In the End" "Crawling"...
Честер се самоуби на роденденот на неговиот близок пријател и колега, Крис Корнел кој исто така си го одзеде животот во мај годинава.
За Честер исто така е познато дека долги години се бореше со зависноста од дрога и алкохол. Исто така страдаше и од депресија, а како дете бил злоставуван од повозрасен маж.
Зад себе остави шест деца од неговите два брака.
Ќе биде запаметен како музички идол на многу генераци.