Почина Зафир Хаџиманов

27 март 2021

Композиторот, пејач и актер, Зафирр Хаџиманов почина денеска. Како пренесуваат домашните и српските медиуми, Хаџиманов, причината за смртта е корона вирусот.

Роден е во 1943 година во Кавадарци. Средно училиште завршува во Скопје, исто така и музичко училиште, а во раната младост ќе ги запознае убавините и на театарот.

Така, во 1967 година, дипломира на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Но, паралелно со тоа, ќе ја негува музиката, почнува да снима песни.

Музиката ќе го спои и со неговата сопруга, пејачката и актерка, Сенка Велетанлиќ, а од таа љубов се раѓа и Васил Хаџиманов, кој денес е познат џез музичар.

 

Зафир Хаџиманов е автор и на стихозбирките „Шансони на хартија", „Азил", „Народен пејач", „Пес-Пејачка" и „Брат", објавени на македонски и на српски јазик. 

Носител е на повеќе награди и признанија на фестивали за поезија и музика, меѓу кои на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година и на Интернационалниот фестивал на шансони во Загреб, во 2003 година.

Од бројните песни што ги испеал, најпознати се: „Како Вардар", „Љуби ме и главата горе", Од љубов не се бега" итн. По повод 55 години од неговото музичко творештво, на 28 ноември 2014 година беше промовиран неговиот компилациски албум со 19 песни.

 

Објавено:
27 март 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
688 пати