Погледнете што ве чека на „Dimensions“ фестивалот во Пула (видео)

4 август 2014

Dimensions-festival-Pula

Има помалку од месец дена до почетокот на „Dimension“ фестивалот, кој по трет пат, од од 27-ми до 31-ви  август, се враќа во Хрватска со најзвучните имиња од светската електронска сцена.

Посетителите ги очекуваат повеќе од 200 изведувачи, меѓу кои и имиња од регионот како  Петар Дундов, Еди Рамиќ, Мис Саншајн, Илија Рудман..., потоа 11 дневни и ноќни стејџови, преку 30 журки на бродови, камп на плажа...

Во единствен амбиент на римскиот амфитеатар, со придружба на целиот бенд, ќе настапи познатиот канадски музичар и миленик на хрватската публика – Карибоу, а токму тој и возбудливиот тандем „Дарксајд“ ќе го отворат третиот „Dimensions“ фестивал! Дуото сочинето од  славниот њујоршки продуцент Николас Јар и мултиинструменталистот Дејв Харингтон ќе настапат во придружба на берлинскиот продуцент и композитор Нилс Фрам, како и Квабс.

Љубителите на ваков тип музика од Хрватска, БиХ, Црна Гора, Македонија, Словенија и Србија можат да си купат билети по цена од 660 куни, (односно 5.200 денари) за севкупното фестивалско уживање. За концертот на отворено во пулската тврдина, цената на билетот е 240 куни (1.900 денари), додека викенд велзниците за четврток, петок/сабота и недела (2+1 - ден за избор) чинат 500 куни (3.950 денари), а истите се достапни и на Интернет.

Тимот на „Dimension“ фестивалот открива дека новиот албум на еден од изведувачите, Боноба, најавен за септември 2014-та, вклучува песни и снимки во живо од отварањето на муичкиот настан, а од кој имате можност да бидете и вие дел.

Исто така, доколку сакате да станете дел од тимот на фестивалот, пријавите за волонтирање се се' уште во тек.

Во рамки на музичкиот настан не се забораваат и забавите на бродовите, кои веќе имаат култен статус. Влезници за ова уживање во интимна и единствена атмосфера со омилените изведувачи, диџеи и продуценти по прекрасниот пулски залив, се уште има, па побрзајте да си набавите.

И за крај,  организациониот тим им порачува на сите потенцијални гости во Хрватска и на фестивалот дека организираат и сместување по достапни цени и тоа од фестивалски камп кој е на самата плажа, до хотели и луксузни апартмани.

Објавено:
4 август 2014
Категорија: 
Култура