Поинакво доживување: Летувајте во индијанско село на Плитвичките езера!

15 август 2019

Можеби досега барем еднаш ги имате посетено Плитвичките езера, но тоа не е причина повторно да не и се вратите на оваа убавина.

Овој неверојатен национален парк изобилува со природна убавина, а најчесто луѓето ги посетуваат само на поминување, но вистинското искуство е доколку имате можност да отседнете неколку дена во ова мистично место.

Фантастичниот ресорт кој се наоѓа на самите езера и е составен од пет малечки куќички за одмор е место каде ќе посакате да останете до крајот на животот.

Станува збор за луксузни куќи во кои покрај тоа што целосно ќе се релаксирате, ќе имате единствена шанса да се поврзете со природата.

Куќите се на три нивоа, а во нив има бања, две спални соби, днена и кујна, што ги прави идеални за цело семејство.

Дел од самиот ресорт е и неверојатен ресторан со ултра вкусни специјалитети од традиционалната хрватска кујна.

Доколку сакате нешто поинтересно од овие куќички, тогаш на располагање ви се шест индијански шатори во кои сместувањето е значајно поевтино, а и доживувањето сосема поинакво.

Кое сместување ви се допаѓа повеќе?

Инфо и фото: Fashion.hr 

Објавено:
15 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
480 пати