Полиците како неизоставен дел од вашиот дом

17 септември 2014

Полиците за многумина претставуваа здодевен дел од мебелот и истите се употребуваат единствено кога во домот ви е потребен простор, па дури и тогаш, полиците ги поставувате на некои поневпечатливи места.

Денеска, здодевните полици еволуираа во шик дизајнирани парчиња мебел без кои не може да се замисли ниту еден креативно уреден простор.

Блоговите ширум светот се полни со идеи како сами да си направите полици и држачи за истите како едни од основните парчиња во секој дом, кои покрај тоа што се неверојатно практични, тие се и неверојано модерни.

Доколку себесе не се сметате за многу креативна личност, тука секогаш е неповторливата Икеа каде ќе најдете безброј форми и бои на полици што ќе ви го развеселат домот.

Иако полиците се многу значаен декор во домот, украсите што ќе ги поставите на истите се исто толку важни.

Во продолжение, за сите обожаватели на полици во домот, следуваат неколку идеи за есенско освежување во вашето омилено катче за живеење!

Објавено:
17 септември 2014
Категорија: 
Култура