Принцовите Вилијам и Хари во новото продолжение на „Star Wars“

17 ноември 2017

Откако уште во август се појавија гласините дека принцовите Вилијам и Хари ќе се појават во осмото продолжение на сагата „Star Wars: The Last Jedi", јавноста, а особено фановите на филмот, се во исчекување.

Сега конечно информацијата е официјализирана, а ја потврди Џон Бојега, ѕвездата на седмото продолжение на култниот филм.

Британските благородници ќе се појават во улога на стормтрупери (Stormtroopers), исто како и актерот Том Харди и пејачот Гери Барлоу.

Како принцовите ќе се снајдат во улогите на големото платно, ќе видиме на 15-ти декември, кога филмот ќе пристигне во кино салите.

Getty images

Објавено:
17 ноември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
111 пати