Рачно изработени чанти и накит промовирани во рамки на изложбата „Colors“ во Концепт 37

22 април 2019

Минатата недела во Концепт 37, младата македонска дизајнерка Александра Велјановска која твори под етикетата „Avel", ја промовираше својата нова колекција накит и чанти во рамките на нејзината шеста по ред изложба насловена „Colors".

Како што упатува и насловот, се работи за линија во која изобилува богат колорит, а за што дизајнерката вели дека нашла инспирација во богатата палета бои на флората и фауната.

„Инспирацијата за колекцијата ја добив од боите претежно на флората и фауната на морскиот и останатиот свет наокулу нас. Колекцијата содржи накит, модерни современи обетки, како и прстени и лептир машни за мажи, а сето тоа е изработено од полимерна глина. Исненадување за посеттелите, беа и мини плико чантите од филц, украсени или декорирани со најразлични дизајнерски елементи кои ги изработив рачно", вели Александра.

Инаку Александра своите студии ги заврши на Европскиот Универзитет на факултетот за Моден дизајн, а веќе неколку години рачно креира накт и модни додатоци под својата етикета „Avel", што најчесто пред својата публика ги промовира преку интерактивни изложби.

 

Објавено:
22 април 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
275 пати